March 18, 2025 | | Свет
Манчестер Јунајтед конечно најде позитивен моментум со две последователни победи над Лестер и Реал Сосиедад, како и ремија против Арсенал и шпанскиот тим во Лигата на Европа. Сепак, клубот веќе гледа кон летниот преоден рок, каде што повторно се очекува значителни инвестиции, особено во офанзивната линија. Тренерот Рубен Аморим има јасна визија – потребен му е класичен напаѓач, а Манчестер Јунајтед веќе има неколку опции на списокот. Во игра се четири имиња – двајца докажани голгетери и двајца помлади напаѓачи со голем потенцијал. Потенцијалните засилувања за нападот се Виктор Ѓокереш од Спортинг, Виктор Осимен од Наполи, Бенјамин Шешко од Лајпциг и Хуго Екитике, кој моментално настапува за Ајнтрахт Франкфурт.
Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.
September 13, 2024 |
September 7, 2024 |
September 16, 2024 |