Манчестер Јунајтед ќе изгради нов „Олд Трафорд“ со капацитет од 100.000 седишта (ВИДЕО)

January 29, 2025 | Kristijan Trajchov | Свет

Манчестер Јунајтед ќе изгради нов „Олд Трафорд“ со капацитет од 100.000 седишта (ВИДЕО)

Манчестер Јунајтед направи значаен исчекор во реализацијата на амбициозниот проект за изградба на нов стадион, кој треба да се издигне на местото на легендарниот „Олд Трафорд“. Ко-сопственикот Џим Ретклиф, веднаш по неговото влегување во клубот, го најави овој грандиозен план, а сега тој добива и конкретна форма. Според медиумите на Островот, веќе е формирана работна група која ќе го надгледува процесот на изградба. Во тимот се вклучени легендата на Јунајтед, Гери Невил, градоначалникот на Манчестер, Енди Бурнам, како и Сара Тод, претставник од „Олд Трафорд“. На неодамнешниот состанок, градските власти и релевантните тела едногласно ја поддржаа иницијативата за нов стадион. Со тоа, следниот чекор во проектот ќе биде формирањето на стратешки мастер план за регенерација на подрачјето околу сегашниот стадион. Изградбата на новиот дом на „црвените ѓаволи“ претставува историски момент за клубот и градот, а со поддршката на клучните фактори, овој проект добива сè поголема реализациска димензија.

Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.