Манчестер Јунајтед подготвува смена на Карик, познат главниот кандидат!

November 9, 2026 | Kristijan Trajchov | Свет

Манчестер Јунајтед подготвува смена на Карик, познат главниот кандидат!

Иднината на Мајкл Карик на клупата на Манчестер Јунајтед е сè понеизвесна, а најновите информации откриваат дека евентуалната разделба со англискиот стратег би можела да биде финансиски многу полесна отколку во претходните случаи. Договорот на Карик со „црвените ѓаволи“ содржи клаузула за предвремен прекин по една година, што значи дека клубот би можел да ја заврши соработката без да се соочи со високи трошоци за обесштетување. Ова е значајна разлика во споредба со некои од претходните тренерски разделби на „Олд Трафорд“, пренесува Бен Џејкобс. Во меѓувреме, раководството веќе разгледува неколку имиња за потенцијален наследник. Еден од главните кандидати е Маурисио Покетино, актуелниот селектор на репрезентацијата на САД. И неговиот договор содржи откупна клаузула, а според информациите од повеќе извори, таа не би требало да претставува непремостлива пречка доколку Јунајтед одлучи да тргне по неговиот ангажман. Покетино, кој претходно ги предводеше Тотенхем и Челси, наводно е отворен за враќање во клупскиот фудбал и преземање на еден од најголемите предизвици во Англија, иако неодамна го продолжи договорот со американската фудбалска федерација. На листата на потенцијални решенија се наоѓаат и Еди Хау и Јулијан Нагелсман. Сепак, ангажманот на Хау би носел дополнителен финансиски трошок, бидејќи Њукасл би требало да добие околу три милиони фунти според договорот поврзан со неговото заминување од клубот. Нагелсман, пак, е уште едно име за кое се разговара во рамките на клубот. Засега конечна одлука за иднината на Карик нема, но едно е јасно – Манчестер Јунајтед веќе ги разгледува можните сценарија, а финансиските услови за евентуална промена на тренерската позиција изгледаат поповолни отколку што можеби се очекувало.

Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.