Манчестер Јунајтед размислува да го казни Лисандро Мартинез

October 14, 2026 | Kristijan Trajchov | Свет

Манчестер Јунајтед размислува да го казни Лисандро Мартинез

Манчестер Јунајтед ја разгледува можноста за санкција или парична казна за Лисандро Мартинез по неговите јавни изјави за состојбите и амбициите во клубот. Информацијата ја пренесува новинарот на „The Athletic“, Лори Витвел. Аргентинскиот дефанзивец вчера порача дека на Јунајтед му се потребни поголеми амбиции и дека клубот треба поотворено да зборува за освојување на Премиер лигата и Лигата на шампионите. „Очекувам повеќе. Нема да молчам“, изјави Мартинез во разговор за CBS. Според објавените информации, тој не е единствениот фудбалер на Манчестер Јунајтед кој има критички став кон актуелната ситуација во клубот. Мартинез има договор со Јунајтед до јуни 2027 година, а клубот располага и со опција за негово продолжување до 2028 година.

Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.