Манчестер Јунајтед реши да го врати Де Хеа!?

August 17, 2025 | Kristijan Trajchov | Свет

Манчестер Јунајтед реши да го врати Де Хеа!?

Манчестер Јунајтед повторно е во потрага по нов голман, откако Рубен Аморим изразил незадоволство од формата на Андре Онана. „Ѓаволите“ веќе пројавија интерес за Емилијано Мартинез од Астон Вила и Џиџо Донарума од ПСЖ, но двата трансфери пропаднаа поради високите финансиски барања. Според пишувањата на „The Sun“, раководството на Манчестер Јунајтед сериозно ја разгледува можноста за враќање на Давид Де Геа на „Олд Трафорд“. Искусниот шпански голман остави длабока трага во клубот, каде што мина 12 години (2011–2023) и беше еден од најконстантните и најважните фудбалери во изминатата деценија. Неговото заминување минатото лето беше директна одлука на Ерик тен Хаг, кој го донесе Андре Онана за прв избор меѓу стативите. Сепак, камерунскиот голман не успеа да ги оправда очекувањата и неговите настапи често се наоѓаат под критика, што повторно ја отвори темата за сигурноста на голманската позиција. Во меѓувреме, Де Геа не ја заврши својата приказна во големиот фудбал. Тој се врати на терените и моментално со успех го брани голот на Фиорентина, каде брзо ја потврди својата класа. Интересно е што токму против Манчестер Јунајтед одигра пријателски натпревар на стартот на сезоната и беше прогласен за најдобар играч на мечот. Како дополнителен мотив за враќање, во договорот со „виолетовите“ постои клаузула која му овозможува да ја напушти Фиорентина за релативно ниска отштета, што би било од голема корист за „црвените ѓаволи“. Преговорите, според британските медиуми, веќе се започнати и останува да се види дали навивачите на Јунајтед повторно ќе го видат омилениот чувар на мрежата во црвениот дрес.

Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.