Манчестер јунајтед со ултра модерен тренинг центар по инвестиција од 50 милиони фунти

August 9, 2025 | Kristijan Trajchov | Свет

Манчестер јунајтед со ултра модерен тренинг центар по инвестиција од 50 милиони фунти

Манчестер Јунајтед синоќа го претстави целосно реновираниот тренинг комплекс во Карингтон, проект вреден 50 милиони фунти кој ги носи „ѓаволите“ во врвот на спортската инфраструктура. Критиките на Кристијано Роналдо од пред неколку години дека условите не се промениле од времето на Сер Алекс Фергусон, сега добија одговор – Карингтон доби нов лик и најсовремена опрема. Меѓу иновациите се просторија за тренинг на висока надморска височина со можност за контрола на температурата, влажноста и други параметри, проширени базени, сауна и парна бања, како и подводна трака за трчање со прилагодлива висина за рехабилитација. Соблекувалните се пошироки и посветли, секој играч има тачскрин за организација на дневниот распоред, а „паметни писоари“ ја мерат хидратацијата и препорачуваат внес на течности. Медицинскиот дел сега располага со магнетна резонанца, компјутерска томографија и скенер на цело тело, а кујната и кантината се целосно модернизирани. Како посебни детали, клубот додаде просторија за лични бербери и Ф1 симулатор за релаксација и забава на играчите.

Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.