Манчестер Јунајтед тоне сè подлабоко: Урнати нови црни рекорди

November 2, 2026 | Kristijan Trajchov | Свет

Манчестер Јунајтед тоне сè подлабоко: Урнати нови црни рекорди

Кризата на „Олд Трафорд“ продолжува, а Манчестер јунајтед никако не успева да излезе од резултатската бездна. Поразот од 0:2 на гостувањето кај Челси ја продолжи црната серија на девет натпревари без победа во сите натпреварувања, низа каква што клубот немал од септември 1984 година. Неуспехот на „Стемфорд бриџ“ беше трет последователен пораз за „црвените ѓаволи“, а вкупно шести во последните девет натпревари. Во истиот период тимот забележа и три нерешени резултати, што дополнително ја продлабочи кризата. Проблемите на Јунајтед не се ограничуваат само на последните резултати. Според наведените податоци, тимот има само една победа во првите девет кола од Премиер лигата и седум освоени бода, што го остава само еден бод над зоната за испаѓање. Дополнителна причина за загриженост е серијата од седум гостувања без победа во сите натпреварувања. Таква низа клубот немал од сезоната 1973/74, кога на крајот испадна од највисокиот ранг на англискиот фудбал. Сè поголем е и притисокот врз Мајкл Карик. Наместо очекуваната стабилизација, Манчестер Јунајтед повторно се соочува со сериозна резултатска криза, а секој следен натпревар станува нов тест за тимот и неговиот тренер.

Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.