Манчестер Јунајтед знае каде лежи проблемот во клубот

September 15, 2025 | Kristijan Trajchov | Свет

Манчестер Јунајтед знае каде лежи проблемот во клубот

И покрај лошите резултати на Манчестер Јунајтед и оваа сезона под водство на Рубен Аморим, португалскиот стратег засега нема причина да стравува за отказ. Познатиот италијански новинар Фабрицио Романо откри дека раководството на клубот не размислува за ново тренерско решение. Сметаат дека проблемите не се поврзани со Аморим, туку со менталитетот на фудбалерите. „Во моментов, во Јунајтед постои голема доверба во Аморим. Можам да гарантирам дека и присуството на Џим Ретклиф на „Олд Трафорд“ е силна порака дека сака да биде блиску до екипата и стручниот штаб. Пораките на Аморим дека нема да се откаже од својата филозофија се директно насочени кон управата. Тој верува дека проблемот не е во системот или во квалитетот, туку во менталитетот на играчите. И во клубот размислуваат слично, па смена на тренерот моментално не е опција“, вели Романо. По убедливиот пораз од 3-0 во градското дерби со Манчестер Сити, Јунајтед веќе го чека нов предизвик – дуел со Челси на „Олд Трафорд“.

Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.