February 14, 2025 | | Свет
Манчестер Сити извојува значајна правна победа против Премиер лигата, откако правилата за спонзорство од периодот 2021-2024 година беа поништени. Оваа одлука може да има големо влијание врз финансиските регулативи во англискиот фудбал, а некои клубови веќе размислуваат за покренување тужби со цел добивање компензација за неправдите што им биле нанесени во тој период. Се работи за трансакции кои што се однесуваат на поврзани страни (АПТ), правило кое имаше за цел да ги спречи клубовите како Сити или Њукасл да остваруваат финансиски придобивки преку профитабилни спонзорски договори поврзани со нивните сопственици. Големите спонзорски договори, далеку над пазарната вредност, беа искористени за инјектирање пари во финансиите на клубот, објаснува Marca. Во редовите на Манчестер Сити ова се доживува како голема победа, додека Премиер лигата би можела да се соочи со значителни финансиски последици, кои се проценуваат на десет милиони фунти.
Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.
September 13, 2024 |
September 7, 2024 |
September 16, 2024 |