February 2, 2025 | | Свет
Манчестер Сити доживеа тежок пораз на гостувањето кај Арсенал на „Емирејтс“ во дербито на колото. Натпреварот започна со гол на Одегард уште во 2. минута по големата грешка на Аканџи и тоа беше единствениот гол во првиот дел. Во второто полувреме Халанд го изедначи резултатот во 55. минута на асистенција на Савињо. И кога сите помислија дека Сити полека ќе го подигне нивото на игра, дојде ужасниот пас на Фоден. Томас Парти одлично ја прочита неговата намера, му ја пресече топката и успеа да постигне гол. Во листата на стрелците уште се запишаа Луис-Скели, Хаверц и Нванери кој ги постави конечните 5-1. Арсенал сега има 6 бода помалку од Ливерпул, но и натпревар повеќе. Сите голови погледнете ги ТУКА.
Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.
September 13, 2024 |
September 7, 2024 |
September 16, 2024 |