Манчестер Сити го договори и трансферот на Рајан Черки!

June 9, 2025 | Kristijan Trajchov | Свет

Манчестер Сити го договори и трансферот на Рајан Черки!

Манчестер Сити продолжува со засилувањата на трансфер пазарот – ново име во редовите на англискиот шампион е францускиот офанзивец Рајан Черки. „Граѓаните“ постигнаа целосен договор со Олимпик Лион, а трансферот ќе изнесува околу 35 милиони евра. Черки, кој важи за еден од најперспективните млади фудбалери во Европа, веќе ги договорил личните услови со клубот од Манчестер. Во наредните денови се очекува да ги мине задолжителните медицински прегледи, по што ќе стави потпис на договорот. Пеп Гвардиола ќе го добие засилувањето навреме, бидејќи Сити се подготвува за настап на Светското клупско првенство, каде што ќе атакува на нов голем трофеј.

Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.