Манчестер Сити ја доби важната битка против Премиер лигата!

October 7, 2024 | Kristijan Trajchov | Свет

Манчестер Сити ја доби важната битка против Премиер лигата!

Манчестер Сити успеа да ја победи Премиер лигата каде имаше судење за тоа дека правилата за спонзорство на првенството се незаконски. Претходно, Премиер лигата го отфрли новиот спонзорски договор што Манчестер Сити го потпиша со „Etihad Aviation Group“ на крајот од 2023 година, како и друг договор со банка со седиште во Абу Даби. Сепак, одлучено беше дека Премиер лигата згрешила кога ги суспендирала тие договори бидејќи елементи од регулативата на ATP го кршат Законот за пазарно натпреварување. Целта беше да се спречат фирмите кои се поврзани со газдите на фудбалските тимови намерно да не плаќаат повеќе пари за соработка со клубовите, а тука спаѓаат токму Манчестер Сити и Њукасл чиј газда е од Саудиска Арабија.

Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.