May 10, 2025 | | Свет
Манчестер Сити неочекувано се посрамоти и не успеа да го совлада последнопласираниот Саутемптон, одигрувајќи само 0-0 на гости. Иако беа апсолутни фаворити, „граѓаните“ не успеаја да најдат пат до мрежата, и покрај тоа што во составот се врати Ерлинг Халанд по пауза од еден месец. Избраниците на Пеп Гвардиола упатија повеќе од 20 удари, но само пет беа во рамките на голот на Рамсдејл, кој одлично ги одбрани сите обиди. Ова беше првиот натпревар од 22 декември во кој Саутемптон не прими гол во Премиер лигата, а со освоениот бод тимот избегна да стане најслабиот во историјата на лигата – неславниот рекорд останува кај Дерби Каунти со 11 бода во сезоната 2007/08. Манчестер Сити, од друга страна, можеби со ова реми си го загрозува пласманот во Лигата на шампионите, но засега останува на третата позиција на табелата. Во другите натпревари: Евертон славеше кај Фулам со 3-1, Брентфорд го победи Ипсвич, а Брајтон беше поуспешен од Вулверхемптон со 2-0.
Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.
September 13, 2024 |
September 7, 2024 |
September 16, 2024 |