Манчестер Сити реши да пазарува во Реал Мадрид

March 25, 2025 | Kristijan Trajchov | Свет

Манчестер Сити реши да пазарува во Реал Мадрид

Манчестер Сити подготвува голем трансфер летово, а главната мета е бразилското крило на Реал Мадрид – Родриго. Според новинарот на „Ел Чирингито“, Едуардо Инда., „граѓаните“ веќе го започнале процесот на убедување, а еден од клучните чекори бил таен состанок меѓу таткото на Родриго, кој воедно е и негов агент, и претставници на англискиот клуб. Наводно, Манчестер Сити е подготвен да му понуди значително повисока плата од онаа што ја заработува во „кралскиот клуб“, но и да му гарантира повеќе слобода на теренот, дозволувајќи му да игра на својата омилена позиција во нападот. Родриго оваа сезона има 13 погодоци и осум асистенции на 41 натпревар во сите конкуренции. Сепак, останува да се види дали младиот Бразилец ќе ја напушти шпанската престолнина, со оглед на тоа што неговиот договор со Реал важи до 2028 година.

Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.