August 20, 2024 | | Свет
Повеќе медиуми во Саудиска Арабија пренесоа дека Садио Мане заминува од Ал Наср а причината наводно била конфликт со Кристијано Роналдо. Наводно, самиот Мане побарал да замине а една од опциите за негов следен клуб е Ал Итихад каде настапува Карим Бензема кој би можел да му биде партнер на Мане во нападот. „Ал Итихад тргна по потписот на Садио Мане. Во моментов се преговара за структурата на трансферот, а можна е и позајмица. Важна улога во преговорите има Карим Бензема кој на раководството му соопштило дека сака да соработува со Мане и дека со него ќе пораснат шансите за освојување шампионска титула“, тврдат медиумите во Саудиска Арабија. За Ал Наср има одиграно 48 натпревари каде постигна 19 гола и 11 асистенции. Ал Итихад летово веќе ги донесе Муса Диаби од Астон Вила и Усем Ауар, а таму трансфери можат да се прават до 6. октомври.
Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.
September 13, 2024 |
September 7, 2024 |
September 16, 2024 |