„Marca“ за Каталонците: „Од каде имаат пари за засилувања?“

October 28, 2024 | Kristijan Trajchov | Свет

„Marca“ за Каталонците: „Од каде имаат пари за засилувања?“

Не престануваат фрустрациите на навивачите на Реал Мадрид, но и на одредени медиуми по тешкиот пораз од Барселона со 4-0 на „Сантијаго Бернабеу“. Шпанскиот медиум „Marca“ сега отвори едно прашање каде во нивен текст прашуваат од каде им средства на Каталонците на засилувања. Во самиот текст медиумот прашува како Каталонците нашле 159 милиони евра за да го купат Дани Олмо и уште осум други фудбалери, но и за Ханси Флик и неговата екипа. „Marca“ тврди дека е очигледно дека станува збор за прекршување на финансискиот фер-плеј.

Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.