Мареска е убеден: На моменти бевме подобри од најдобриот клуб во светот!

August 19, 2024 | Kristijan Trajchov | Свет

Мареска е убеден: На моменти бевме подобри од најдобриот клуб во светот!

На почетокот на вчерашниот дуел меѓу Челси и Сити, тимот од Лондон некако успеваше да се натпреварува со тимот на Пеп, по потоа Сити воспостави контрола врз натпреварот и без поголеми проблеми успеа да победи. Мареска по натпреварот беше оптимист и рече дека неговиот тим бил добар и дека работите одат во вистинска насока. „Нашиот настап беше добар. Се спротивставивме на најдобриот тим во светот и бевме во голема мера рамноправни и на моменти подобри од нив. Создававме ситуации. но големата разлика беше во шеснаесетникот каде многу подобро играа со топката во важните моменти. Мислам дека денеска се претставивме подобро во споредба со последниот натпревар со Интер. И тоа е најважно – да се подобруваме со секој следен натпревар“, рече Мареска.

Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.