December 7, 2024 | | Свет
Енцо Мареска извонредно го пренасочи Челси во позитивна насока, остварувајќи резултати кои ги изненадуваат и самите навивачи, особено по кошмарната сезона која ја имаше тимот од „Стемфорд Бриџ“ пред една година. Италијанскиот стручњак успеа да воспостави ред во тимот, кој претходно изгледаше конфузно и безидејно на многу натпревари. Мареска успеа и да го препороди најскапото засилување од пред една година – Моизес Каиседо. По преселбата во Челси за 115 милиони фунти, Каиседо имаше ужасна прва сезона во клубот, но сега полека се враќа во форма и почнува да личи на фудбалерот кој блескаше во Брајтон. За неговиот напредок, доби пофалби и од својот менаџер. „Сигурен сум дека во тимот имаме играч кој е на нивото на Рајс и Родри. Секако дека мислам на Каиседо, не се сомневам дека игра на исто ниво како споменатите двајца. За жал, Родри е повреден и не игра веќе некое време, но Деклан игра на врвно ниво за Арсенал. Со она што го прикажува од стартот на сезоната, Моизес може да седи на иста маса со нив“, тврди Мареска.
Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.
September 13, 2024 |
September 7, 2024 |
September 16, 2024 |