August 8, 2024 | | Свет
Енцо Мареска е исправен пред голем предизвик сезонава каде ќе има за цел конечно да најде формула за да проработи младиот и талентиран тим на Челзи. Тој го наследи Маурисио Покетино, но засега тимот не изгледа подобро од лани и нема некои напредоци. Челзи повторно се соочува со големи проблеми во дефанзивата каде лесно примаат голови, а според Италијанецот токму тоа е еден од најголемите проблеми. „Решаваме проблем кој датира од минатата сезона, проблем кој го воочив на првиот ден. На еден од првите состаноци со екипата зборувавме за бројот на примени голови со висока дефанзивна линија. Пробуваме да го решиме тоа и напорно работиме. Офанзивно стоиме добро, креираме шанси, но проблемот е во дефанзивата. Не мислам само на дефанзивната линија, мислам дека треба да работиме дефанзивно како тим, сите играчи. Заврши турнејата, се враќаме во Лондон и таму ќе работиме за стартот на сезоната“, рече Мареска.
Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.
September 13, 2024 |
September 7, 2024 |
September 16, 2024 |