Мареска останува тренер на Челси

September 29, 2025 | Kristijan Trajchov | Свет

Мареска останува тренер на Челси

Иако Челси минува низ турбулентен период со само една победа во последните пет натпревари – онаа над Линколн Сити во Карабао купот – позицијата на Енцо Мареска засега не е доведена во прашање. Италијанецот сепак е под лупа на јавноста, особено по викенд-поразот од 1-3 против Брајтон на „Стемфорд Бриџ“. Извори блиски до клубот откриваат дека челниците на „сините“ остануваат на страната на својот тренер. Во Челси сметаат дека клучниот проблем лежи во долгата листа на повредени играчи и дисциплинските исклучоци, а не во тренерските методи. Амбициите на клубот остануваат непроменети: враќање во Топ 4 на Премиер лигата и сериозен настап во ФА и Карабао купот, како и резултати во Лигата на шампионите што ќе доликуваат на актуелниот светски клупски шампион.

Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.