September 19, 2025 | | Свет
Тренерот на Челси, Енцо Мареска, даде исклучително остар коментар откако беше прашан за менталното здравје на Рахим Стерлинг и Аксел Дисаси, кои тренираат одвоено од тимот. Стерлинг и Дисаси не се во плановите на клубот, а откако ова лето не се најде купец за нив, тие останаа на „Стемфорд Бриџ“, но работат изолирано од остатокот на екипата. Асоцијацијата на професионални фудбалери побара повеќе информации за нивниот статус, а темата беше неизбежна и на денешната прес-конференција. „И јас сум бил во нивната ситуација и знам дека е лошо. Но поради едни или други причини, ситуацијата е таква каква што е. Клубот им дава можност да работат на правиот начин и вака не се постапува само во Челси, туку и во секој друг клуб во светот,“ изјави Мареска. На директно прашање за менталното здравје на Стерлинг и Дисаси, тој одговори брутално: „Мојот татко има 75 години и 50 години работеше како рибар. Почнуваше во 2 часот наутро, и завршуваше во 10 часот наутро! Е тоа е напорна работа, а не работата на фудбалерите.“ Инаку, Стерлинг е најплатениот играч во Челси со плата од над 300.000 фунти неделно, додека Дисаси заработува нешто над 100.000 фунти неделно.
Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.
September 13, 2024 |
September 7, 2024 |
September 16, 2024 |