Мареска уште еднаш потврди: Не сакам крило како него!

August 28, 2024 | Kristijan Trajchov | Свет

Мареска уште еднаш потврди: Не сакам крило како него!

Енцо Мареска денеска уште еднаш потврди дека нема начин Стерлинг да ја сврти ситуацијата во своја полза и уште еднаш потенцираше дека Англичанецот ќе мора да замине. Во моментов Челси и Манчестер Јунајтед преговараат за евентуална размена помеѓу Стерлинг и Санчо, но засега нема јасни знаци дали Јунајтед го прифаќа Стерлинг во размената. „Тој е фантастично момче, но работата е што секој менаџер си има различни идеи. Тој не е тип на крило кое јас го сакам, но тоа ништо не значи за него, историјата и бројките зборуваат за Рахим“, рече Мареска. Проблем на Стерлинг е огромната плата каде наводно заработува 300 илјади фунти неделно, а во моментов скоро никој тим не сака да даде толкава плата на крилниот напаѓач.

Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.