Мареска за тешкиот пораз на Челси: Најлош натпревар откако сум во клубот

February 15, 2025 | Kristijan Trajchov | Свет

Мареска за тешкиот пораз на Челси: Најлош натпревар откако сум во клубот

Челси доживеа убедлив пораз од 3:0 на гостувањето кај Брајтон, со што загуби драгоцени бодови во трката на врвот на Премиер лигата. Менаџерот Енцо Мареска не го криеше своето незадоволство од настапот на тимот. Италијанскиот стратег призна дека неговата екипа целосно потфрли на „Амекс“ и дека поразот е сосема заслужен. „Ова беше нашето најлошо издание откако сум во клубот. Лесно примаме голови, а во нападот сме неефикасни. Потребно е да сфатиме дека од нас се очекуваат подобри резултати“, истакна Мареска. И покрај разочарувачката игра, тој нагласи дека Челси и натаму има шанси за пласман во Европа и дека ќе продолжат да се борат до крај.

Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.