„Марка“ го прогласи Јамал за најдобар играч на светот

July 25, 2025 | Kristijan Trajchov | Свет

„Марка“ го прогласи Јамал за најдобар играч на светот

Младата ѕвезда на Барселона, Ламин Јамал, е победник на четвртото издание на анкетата „100-те на Марка“, со што е прогласен за најдобар фудбалер во светот за сезоната 2024/25. Во гласањето учествуваа 133 новинари, поранешни фудбалери и тренери, кои избираа по 10 најдобри играчи. Јамал победи со 3310 поени, пред Осман Дембеле (ПСЖ) со 3100 и Витиња (ПСЖ) со 2732 поени. Со оваа награда, шпанскиот репрезентативец им се придружи на претходните добитници – Карим Бензема, Ерлинг Халанд и Винисиус Жуниор. Во сезоната што измина, 18-годишниот Јамал освои три трофеи со Барселона (Ла Лига, Купот на кралот и Суперкупот на Шпанија), постигна 18 голови и запиша 25 асистенции на 55 натпревари. За најдобар тренер беше избран Луис Енрике од ПСЖ, а беа составени и два идеални тима – меѓународен и шпански. Интересно е што во најдобрата шпанска селекција немаше ниту еден играч од Реал Мадрид.

Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.