February 22, 2025 | | Свет
Астон Вила направи пресврт и славеше со 2-1 против Челси во дербито од 26. коло во Премиер-лигата, благодарение на двата гола на Марко Асенсио. Шпанецот почна да ја оправдува својата инвестиција, додека домаќините ја искористија грешката на голманот Филип Јоргенсен за да стигнат до значајни три бода. Натпреварот започна одлично за Челси, кој поведе во деветтата минута. Педро Нето проби по десната страна и асистираше до Енцо Фернандез, кој го совлада својот сонародник Емилијано Мартинез за 0-1. Вила веднаш тргна во офанзива, создавајќи неколку добри прилики преку Асенсио, Тилеманс и Воткинс, но „сините“ успеаја да ја задржат минималната предност до полувремето. Во вториот дел, Челси имаше можност да зголеми преку Нето, но Мартинез одбрани. Пресвртот започна во 57. минута, кога гостите погрешија при поставувањето на офсајд-стапицата, а Асенсио го искористи тоа и погоди за 1-1 по асистенција на Рашфорд. Челси можеше повторно да поведе во 70. минута преку Палмер, но неговиот удар заврши над голот. Возбудливата завршница донесе неколку шанси, а во 88. минута резервистот Мален пропушти одлична можност за Вила, но Јоргенсен одбрани. Сепак, младиот Данец направи фатална грешка во последните моменти – не успеа да ја задржи топката по шутот на Асенсио од корнер, што му овозможи на Шпанецот да го постигне победничкиот гол за 2-1. Со оваа победа, Вила се доближи на само еден бод зад Челси, дополнително разгорувајќи ја битката за место во Лигата на шампионите следната сезона.
Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.
September 13, 2024 |
September 7, 2024 |
September 16, 2024 |