February 2, 2025 | | Свет
Астон Вила во последните моменти од преодниот рок обезбеди две значајни засилувања – Маркус Рашфорд од Манчестер Јунајтед и Марко Асенсио од ПСЖ, два крилни напаѓачи кои значително можат да го подобрат тимот на Унај Емери. Рашфорд денеска треба да пристигне во Бирмингем за да ги заврши медицинските прегледи и да стави потпис на договорот. Напаѓачот ќе биде позајмен до крајот на сезоната, при што Астон Вила ќе покрива 70 проценти од неговата плата, додека остатокот ќе го исплаќа Манчестер Јунајтед. Во договорот е вклучена и откупна клаузула во вредност од 40 милиони фунти. Истовремено, и Марко Асенсио е на пат кон Бирмингем за да го комплетира својот трансфер. Шпанецот, кој во минатото настапуваше за Реал Мадрид, ќе биде дел од Астон Вила како позајмен играч од ПСЖ до крајот на сезоната.
Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.
September 13, 2024 |
September 7, 2024 |
September 16, 2024 |