August 27, 2025 | | Свет
Адриен Рабио, би можел повторно да заигра во Серија А, овојпат во дресот на Милан. Францускиот репрезентативец е на излезна врата од Олимпик Марсеј поради инцидентот што се случи во соблекувалната веднаш по првото коло во Лига 1, по што раководството на клубот реши да го стави на продажба. „Росонерите“ сакаат да ја искористат целата ситуација и да донесат искусен играч кој би внел стабилност и квалитет во средниот ред. Според италијанските медиуми, Масимо Алегри е човекот кој инсистира на ангажман на Рабио и прави силен притисок трансферот да се реализира што побрзо. Марсеј го проценува Рабио на 14 до 15 милиони евра, сума која е прифатлива за Милан, иако францускиот клуб не сака да вклучи никакви разменски зделки. Во јавноста кружат шпекулации дека Исамил Бенасер би можел да биде дел од договорот, но тоа категорично е отфрлено од раководството на Олимпик.
Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.
September 13, 2024 |
September 7, 2024 |
September 16, 2024 |