February 6, 2025 | | Свет
Марсело, легендарниот бразилски фудбалер и поранешен член на Реал Мадрид, одлучи да ја заврши својата кариера. Во видео обраќање, тој се присети на најважните моменти од својот фудбалски пат и му оддаде почит на клубовите во кои настапувал. „Љубовта кон фудбалот ја наследив од мојот татко, кој отсекогаш сонуваше да бидам професионален играч. Кога имав 18 години, Реал Мадрид ме повика и од тогаш започна мојата приказна во овој клуб. Овде го основав семејството, освоив 25 трофеи во 16 сезони, од кои пет титули во Лигата на шампионите, една како капитен. Бернабеу беше сведок на многу магични вечери.“, изјави Марсело. Тој исто така се осврна на настапите за бразилската репрезентација, истакнувајќи ја гордоста што носел државен дрес и ги освоил двата олимписки медали и Купот на конфедерации. По Реал Мадрид, Марсело кратко играше за Олимпијакос, а потоа се врати во Флуминензе, клубот каде што ја започна кариерата. „Сакав да му се оддолжам на Флуминензе, помогнав во освојувањето на три трофеи, меѓу кои и Копа Либертадорес. Стадионот Марсело Вииеира ќе биде моето наследство за идните генерации.“, додаде тој. Иако неговата фудбалска кариера е завршена, Марсело нагласи дека и понатаму ќе остане поврзан со фудбалот.
Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.
September 13, 2024 |
September 7, 2024 |
September 16, 2024 |