June 6, 2024 | | Свет
Голманот на Астон Вила, Емилиано Мартинез изјави дека е спремен да влезе во конфликт за да може да игра на Олимписките игри во Париз и дека тој ќе инсистира покрај бранењето на Копа Америка, тоа да се случи и на Олимписките игри.
„Секогаш ја ставам аргентиската репрезентација пред клубот и ако треба ќе се борам со мојот клуб. Прво е Копа Америка, потоа Олимписките игри, мојот сон е да освојам златен медал“, вели Мартинез.
Во однос на Олимписките игри, тука настанува проблемот бидејќи Олимпијадата не е натпреварување под јурисдикција на ФИФА а тоа значи дека клубовите не се обврзани да ги пуштат своите играчи, нешто што на пример Реал Мадрид го направи со Мбапе и со другите француски играчи кои играат за Реал.
„Мојата желба е да играм на Олимписките игри, но тоа не зависи само од мене“, изјави Мартинез.
Емилијано Мартинез (31) сака да биде еден од тројцата играчи над 23 години кои можат да учествуваат на олимпискиот турнир, кој Аргентина го освои двапати, во Атина во 2004 година и во Пекинг во 2008 година.
Олимпискиот фудбалски турнир се одржува од 24 јули до 9 август, една недела подоца ќе започне сезоната во Премиер лигата.
Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.
September 13, 2024 |
September 7, 2024 |
September 16, 2024 |