April 28, 2025 | | Свет
Изминативе денови неколку медиуми објавија дека „кралевите“ му испратиле понуда за преселба на „Сантијаго Бернабеу“, но Мартинез со остар тон ја отфрли таа можност. „Попрво би чистел копачки на Меси, би чувал кокошки или би се пензионирал, отколку да играм за Реал Мадрид. Никогаш нема да бидам продадена душа и да облечам таков дрес“, категоричен беше Аргентинецот. Некои фудбалски аналитичари се потсмеваат со неговата изјава, верувајќи дека доколку навистина пристигне понуда од најтрофејниот европски клуб, би размислил поинаку. Мартинез веќе пет години го брани голот на Астон Вила, а врвот на својата кариера го достигна во 2022 година, кога со Аргентина стана светски шампион на Мундијалот во Катар.
Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.
September 13, 2024 |
September 7, 2024 |
September 16, 2024 |