Маскерано: Ваков циркус немам видено во животот!

July 24, 2024 | Kristijan Trajchov | Свет

Маскерано: Ваков циркус немам видено во животот!

Аргентина изгуби против Мароко во натпревар кој беше прв во групната фаза на Олимписките игри. Првично натпреварот заврши 2:2 а после два часа играчите се вратија на терен каде голот на Аргентина беше поништен поради офсајд и конечниот резултат беше 2:1 за Мароко кад трите минути се одиграа без публика. Коментар даде и Маскерано, селекторот на Аргентина на Олимписките игри. „Ваков циркус досега немам видено во животот. Навистина не знам што да кажам, ова е неверојатно доживување за мене. Најголем циркус од натпревар, неповторливо чувство за нас“, рече Маскерано.

Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.