September 5, 2025 | | Свет
Младата ѕвезда на Реал Мадрид, Франко Мастантуоно, емотивно зборуваше по својот прв настап за Аргентина, кој го одигра токму покрај својот идол, Лео Меси. Натпреварот со Венецуела беше особено значаен за Меси, кој најверојатно последен пат настапи во дресот на „гаучосите“ пред домашната публика. Но, исто толку посебен беше и за 18-годишниот Мастантуоно, кому му се оствари детскиот сон – да заигра покрај најголемиот. „Неверојатно е тоа што играв покрај него, ми се оствари детскиот сон. Па уште и на теренот на Ривер… навистина неверојатно. Меси е мојот идол, му ја следам целата кариера,“ изјави талентираниот напаѓач на Реал. Сепак, имаше и еден комичен момент. Во акција кога Меси беше во подобра позиција, Мастантуоно реши сам да шутира. „Сакаше да ме убие, но ме разбра. Се извинив – и тоа се извинив три пати,“ откри со насмевка младиот фудбалер.
Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.
September 13, 2024 |
September 7, 2024 |
September 16, 2024 |