September 25, 2024 | | Свет
Според информацијата која ја објави „Marca“, Винисиус Жуниор ќе ја освои Златната топка, а покрај него, најголеми фаворити за освојување на оваа награда се Белингем и Родри. За ова зборуваше и легендарниот Лотар Матеус, поранешниот германски фудбалер кој не се согласува со ваквиот избор. „Според мене Родри повеќе ја заслужи Златната топка од Винисиус. Беше мозок и лидер на репрезентацијата на Шпанија која стана шампион на Европа. Исто како и на Манчестер Сити кој ја освои Премиер лигата. Тоа се две титули освоени благодарение на неговото големо влијание и одлични игри. За мене тој беше извонреден оваа година. Второто место треба да му припадне на Џуд Белингем. Како и Винисиус, и тој ја освои Лигата на Шампиони со Реал Мадрид, а беше и еден од најдобрите играчи на Европското првенство. На крајот, но не и најмалку важно, благодарение на неговите голови Англија стигна до финалето и стана вицешампион на Европа. Според тоа, на врвот на мојата листа се Родри, Белингем па потоа Винисиус“, вели Матеус.
Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.
September 13, 2024 |
September 7, 2024 |
September 16, 2024 |