April 9, 2025 | | Свет
Лион и Манчестер Јунајтед ќе се сретнат во четвртфиналето на Лигата на Европа. Ден пред дуелот, Немања Матиќ кој своевремено играше за Јунајтед, ја коментираше изјавата на Андре Онана кој рече дека неговиот тим е многу подобар од Лион. Па така, Матиќ имаше што да му врати на Онана. „Онана го рече тоа? Ги почитувам сите, но тоа да го каже еден од најлошите голмани во историјата на клубот, треба да внимаваш што зборуваш. Ако Де Хеа, Шмајхел или Ван дер Сар го кажат тоа, тогаш во ред, но ако статистички си еден од најлошите голмани, тогаш, треба да се покажеш пред да зборуваш“, рече Матиќ. Изјавата на Матиќ погледнете ја ТУКА.
Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.
September 13, 2024 |
September 7, 2024 |
September 16, 2024 |