September 26, 2024 | | Свет
Нусаир Мазрауи летово премина во Манчестер Јунајтед од редовите на Баерн Минхен и засега бележи одлични настапи. Неговиот трансфер чинеше 15 милиони евра, а тој беше запрашан за разликите помеѓу неговиот сегашен и поранешен клуб. „Сметам дека по две сезони поминати во Баерн, ми беше потребна промена, нов чекор во кариерата. Се чувствував добро, но знаев дека можам подобро во друга средина. Затоа одлучив да го сменам клубот и да потпишам за Манчестер Јунајтед. Стилот на игра исто така ми одговара, а познавав некои фудбалери пред да дојдам, но и тренерите од Холандија како Тен Хаг, Ван Нистелрој и Хаке па со оглед на тоа дека зборувам холандски, тоа ќе ми помогне побргу да се адаптирам. Можам да кажам дека на меѓународно ниво, Манчестер Јунајтед е многу поголем клуб од Баерн Минхен“, изјави Мазрaуи.
Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.
September 13, 2024 |
September 7, 2024 |
September 16, 2024 |