Мбапе добил неверојатен бонус од Реал Мадрид за потписот на договорот

March 9, 2025 | Kristijan Trajchov | Свет

Мбапе добил неверојатен бонус од Реал Мадрид за потписот на договорот

Килијан Мбапе, иако пристигна во Реал Мадрид како слободен играч од ПСЖ, сепак не беше без трошоци за „кралевите“. Според новинарот Маркал Љоренте, францускиот напаѓач добил неверојатен бонус од 117 милиони евра за потписот на договорот. Оваа информација беше демантирана, а верзијата на новинарот Нуну Антон пак е дека овие бонуси ќе му бидат исплатени постепено во текот на неколку години. Освен тоа, Мбапе заработува годишна плата од околу 15 милиони евра, што, во комбинација со дополнителните бонуси, го прави еден од најплатените фудбалери во светот. Додека во ПСЖ неговите приходи надминуваа 50 милиони евра, во Мадрид, иако нешто пониска, неговата заработка и понатаму е огромна.

Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.