Мбапе избришан од новата кампања на Реал поради обвинувањата за силување

October 16, 2024 | Kristijan Trajchov | Свет

Мбапе избришан од новата кампања на Реал поради обвинувањата за силување

Мбапе беше отстранет од промотивната слика објавена од Реал Мадрид како дел од колекцијата „Artist Pack“ на клубот, која има за цел да ја прикаже добротворната фондација на клубот која поддржува спортски и социјални проекти за непривилегираните заедници. Сепак, пропустот веројатно ќе останеше незабележан, доколку не беше објавата на соиграчот Џуд Белингем. Англичанецот сподели неуредена верзија на сликата на својот Инстаграм, на која се наоѓа Мбапе. Постот беше брзо избришан од англискиот играч, но навивачите успеаа да ја забележат промената. Според „Sports Zone“ одлуката за исклучување на Мбапе произлезе од судир помеѓу конкурентни спонзорски договори. Некои тврдат пак дека Мбапе е под договор со Најк, па затоа не може да учествува во кампања за Адидас, но шпанските медиуми потенцираат дека таков е случајот и со Едуардо Камавинга, кого, сепак, го има во клупската кампања. Мбапе од средата до петокот со свои пријатели бил во Стокхолм, а во четвртокот се забавувал во еден ноќен клуб, а следниот ден со приватен авион ја напуштил Шведска.

Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.