Мбапе ја налути легендата на Франција: „Тој даде срамна изјава“

September 9, 2024 | Kristijan Trajchov | Свет

Мбапе ја налути легендата на Франција: „Тој даде срамна изјава“

Мбапе во моментов пружа лоши партии во селекцијата на Франција каде за вечерашниот дуел со Белгија натпреварот го започна од клупата. Тој даде една изјава за медиумите каде беше прашан каква реакција очекува од навивачите на „Паркот на принцовите“, а тој одговори дека не го интересира што мислат фановите. Ваквата изјава ја разочара легендата на Франција, Биксант Лизаразу. „Пресконференцијата на Мбапе ме изненади и ме засрами како Французин. Употребените зборови беа несоодветни. Тоа не се зборови кои ги употребува лидер, а уште помалку капитен.Не може да бидете бесчувствителни кон чувствата на навивачите за националниот тим. Не може да бидете безгрижни, мора да им дадете надеж, треба да ја сочувате емотивната врска меѓу националниот тим и публиката. Зборовите кои ги употреби се неадекватни“, изјави Лизаразу.  

Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.