Мбапе ќе започне од клупата против Холандија!

June 21, 2024 | Kristijan Trajchov | Свет

Мбапе ќе започне од клупата против Холандија!

Се очекува Килијан Мбапе да биде на клупата за дуелот на Франција со Холандија на ЕП 2024 вечерва, дуел кој започнува од 21:00 часот. Ѕвездата на Лес Блеус се здоби со скршеница на носот откако со глава го удри рамото на австрискиот играч Кевин Дансо, за време на победата на Франција од 1-0 во првиот натпревар. Имаше некои стравувања дека може да го пропушти остатокот од турнирот, иако тоа беше брзо отфрлено. Сепак, „L'Equipe“ објави дека Мбапе ќе стартува од клупата, бидејќи Франција сака да го запечати пласманот во осминафиналето во дуелот со Холандија. Мбапе на клупата значи дека Дидие Дешамп ќе мора да направи промени во својот тим.

Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.