July 17, 2024 | | Свет
Килијан Мбапе и официјално беше претставен како нов фудбалер на Реал Мадрид. Тој беше пречекан од 85.000 навивачи. Со години Реал Мадрид се обидуваше да го донесе, па сега конечно им успеа. Сега кога кончено реши да премине во Реал, мораше да направи одредени отстапки и да ја намали платата. Како што пишува „Marca“, Мбапе дојде во Реал Мадрид бесплатно, а ќе добие голем бонус во опсег од 100 до 115 милиони евра. Тој ќе има плата од 15 милиони евра по сезона, а ова значи дека тој нема да биде најплатен во тимот од Мадрид. Неговата плата ќе биде во исти кош со онаа на најплатените фудбалери во Реал Мадрид, но ќе добива бонус за „права на имиџ“, односно добивката од 60 до 80 отсто од производите со неговото име и лик ќе оди на сметката на Мбапе. Мадрид е строг во однос на ова правило, но сега очигледно решија да направат отстапки.
Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.
September 13, 2024 |
September 7, 2024 |
September 16, 2024 |