Мбапе направи бизарна симулација против поранешниот клуб! (ВИДЕО)

July 9, 2025 | Kristijan Trajchov | Свет

Мбапе направи бизарна симулација против поранешниот клуб! (ВИДЕО)

Реал Мадрид доживеа тежок удар на стартот од полуфиналето на Светското клупско првенство, откако за само 25 минути прими три гола од мотивираниот состав на Пари Сен Жермен. „Кралевите“ беа целосно надиграни во воведната фаза, а на теренот доминираа „светците“. Сепак, покрај фудбалската лекција, мечот го одбележа и еден контроверзен момент поврзан со Килијан Мбапе, кој беше во центарот на вниманието – но не поради играта. Во една ситуација во првото полувреме, Мбапе се обиде да изнуди пенал по дуел со Жоао Невеш, но повторената снимка покажа дека немаше никаков контакт. Французинот се фрли на тревата и остана да лежи повеќе од една минута, очекувајќи реакција од судијата. Најбизарно од сè беше тоа што со својата симулација ја прекина потенцијално опасната контра на сопствениот тим, што предизвика револт меѓу навивачите на ПСЖ.

Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.