Мбапе не ги остава на раат: Си ги бара парите од ПСЖ, ќе има големи казни ако не му ги дадат!

August 20, 2024 | Kristijan Trajchov | Свет

Мбапе не ги остава на раат: Си ги бара парите од ПСЖ, ќе има големи казни ако не му ги дадат!

Килијан Мбапе периодов ги доживува почетоците како играч на Реал Мадрид каде ќе треба да помине процес на адаптација иако веќе успеа да постигне еден гол за клубот. Мбапе го промени клубот, но со поранешниот клуб ПСЖ се уште нема решено одредени работи, конкретно во случајот 55 милиони евра кои ПСЖ му ги должи. За ова се известени Лига 1 и УЕФА, а се шпекулира дека Лига 1 дури може и да му забрани на ПСЖ да прави трансфери ако не се случи оваа исплата. УЕФА пак може да му ја одземе лиценцата на ПСЖ за настап во европските натпреварувања, а очигледно е дека ПСЖ уште не можат да се помират со фактот дека Мбапе одлучи да замине па сега се дури спремни на вакви потези.

Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.