Мбапе не му простува ниту евро на ПСЖ: Влегува во војна со поранешниот клуб

April 10, 2025 | Kristijan Trajchov | Свет

Мбапе не му простува ниту евро на ПСЖ: Влегува во војна со поранешниот клуб

Правната битка меѓу Килијан Мбапе и Пари Сен Жермен добива нова димензија, откако неговиот правен тим повторно ја активираше иницијативата за решавање на долгот кој, според играчот, изнесува 55 милиони евра. Минатиот октомври, комисијата за жалби на Француската лига ја потврди одлуката со која му се наложува на ПСЖ да му ја исплати неисплатената плата. Сепак, случајот не е завршен. Фудбалерот тврди дека му се должат три месечни плати, како и последната третина од бонусот за лојалност, додека неговите адвокати го поднесоа барањето до судот во Париз да се отвори постапка за решавање на спорот. Адвокатката Делфин Верхејден, која е дел од тимот на Мбапе, истакнува дека повеќе од една година се води оваа правна постапка, и дека се побарало дури и од францускиот министер за спорт да се вмеша и да ја оспори правната важност на одлуката на жалбената комисија на Фудбалската федерација на Франција. Доколку се потврди вината на ПСЖ, Верхејден предупредува дека клубот би можел да се соочи со сериозни последици, вклучително и губење на лиценцата за настап во Лигата на шампионите.

Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.