Мбапе пак промаши пенал, нов пораз на Реал Мадрид! (ВИДЕО)

December 4, 2024 | Kristijan Trajchov | Свет

Мбапе пак промаши пенал, нов пораз на Реал Мадрид! (ВИДЕО)

Реал Мадрид доживеа нов пораз, овој пат против Атлетик Билбао со резултат од 2-1, а повторно еден од трагичарите беше Килијан Мбапе кој промаши пенал. Домаќините поведоа со 1-0 со голот на Берегуер во 53. минута. Реал Мадрид возврати преку Белингем во 78. минута, но големи три бода за Баскијците донесе Гурузета во 80. минута.

Реал останува на втората позиција со 33 бодови, односно четири поени помалку од лидерот Барселона.

Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.