Мбапе постигна два гола во шест минути и му донесе победа на Реал (ВИДЕО)

March 15, 2025 | Kristijan Trajchov | Свет

Мбапе постигна два гола во шест минути и му донесе победа на Реал (ВИДЕО)

Реал Мадрид успеа да запише значајна победа на тешкото гостување кај Виљареал, триумфирајќи со 1-2. Со оваа победа, „кралевите“ стигнаа до 60 освоени бода и се на врвот на табелата, додека Барселона заостанува три поени, но има два натпревари помалку. Возбудувањата на мечот беа сконцентрирани во првото полувреме. Виљареал рано стигна до предност, откако Фојт стрелаше прецизно по само седум минути игра. Сепак, Реал направи брз пресврт благодарение на Мбапе, кој во рок од шест минути постигна два погодоци – првиот во 17-тата, а вториот во 23-та минута. Домашниот тим имаше свои можности и создаде повеќе напади, што го покажуваат и вкупно 18-те удари кон голот на гостите, но на крајот не успеа да извлече ниту бод од овој натпревар. Ова беше прва победа на Реал Мадрид на овој стадион во Ла Лига уште од 2017 година.

Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.