September 5, 2025 | | Свет
Француската репрезентација вечерва ги стартува квалификациите за Светското првенство, а главната ѕвезда Килијан Мбапе испрати предупредување за преголемиот број натпревари во модерниот фудбал. Напаѓачот на Реал Мадрид призна дека чувствува замор поради напорниот календар и дека играчите имаат премалку време за одмор. „Не знам дали е возможно да се игра на врвно ниво 60 натпревари во една сезона. Потребен е одмор, но тоа е како дебата меѓу двајца глуви – никој не слуша. Некои веќе беа на подготовки за новата сезона додека ние се уште игравме на Светското клупско првенство“, изјави Мбапе. Календарот навистина е преполн – Светското клупско првенство во САД заврши во јули, а веќе во август започнаа подготовките за новата сезона. Слично сценарио се очекува и во 2026 година кога ќе се игра Светското првенство. Тоа значи дека во период од две години, врвните фудбалери ќе имаат само 15-20 дена вистински одмор. И покрај заморот, Мбапе одлично ја отвори својата прва сезона во дресот на Реал, со два гола во првите три кола. Во квалификациите за Мундијалот ќе има и дополнителна мотивација – му недостигаат само осум погодоци за да стане најдобар стрелец во историјата на француската репрезентација. Франција во квалификациите ќе игра во група со Исланд, Украина и Азербејџан.
Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.
September 13, 2024 |
September 7, 2024 |
September 16, 2024 |