October 30, 2026 | | Свет
Килијан Мбапе и Реал Мадрид би можеле да се соочат со сериозни последици на кинескиот пазар по контроверзниот коментар на францускиот фудбалер за Мао Це Тунг, поранешниот кинески лидер. Според објавените информации, ситуацијата предизвикала реакции кај кинеските медиумски платформи, со можни финансиски последици за мадридскиот клуб. Кинеската државна телевизија CCTV одлучила да ги прекине преносите на натпреварите од шпанската Ла Лига. Ваквиот потег би можел да има значително влијание врз целото првенство, како и врз клубовите што зависат од приходите и популарноста на кинескиот пазар. Сепак, платформата Мигу, во сопственост на кинески телекомуникациски оператор, наводно презела уште порестриктивен пристап кон Реал Мадрид и Мбапе. Платформата ги прекинала преносите на натпреварите на Реал, дуелите на француската репрезентација на кои настапува Мбапе, како и другите содржини во кои се појавуваат францускиот напаѓач или мадридскиот клуб. Овој потег би можел дополнително да го погоди Реал Мадрид, особено поради огромната популарност што клубот ја ужива во Кина. Според проценките, „кралевите“ имаат околу 130 милиони активни навивачи во оваа азиска земја, а кинескиот пазар наводно учествува со 10 до 15 проценти во вкупните годишни приходи на клубот. Дополнително, се тврди дека Мбапе ги загубил и спонзорските договори со кинески брендови, што би можело да претставува сериозен удар врз неговите комерцијални активности.
Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.
September 13, 2024 |
September 7, 2024 |
September 16, 2024 |