February 22, 2025 | | Свет
Килиан Мбапе веќе го покажува својот талент во дресот на Реал Мадрид, а неодамна се појавија детали за неговото живеалиште во шпанската престолнина, каде што удобно престојува со своето семејство. Францускиот напаѓач порано уживаше во луксузен пентхаус во центарот на Париз додека настапуваше за ПСЖ, но сега се пресели во неверојатна вила во елитниот дел на Мадрид. Оваа раскошна куќа му припаѓа на легендарниот Серхио Рамос, а двајцата постигнале договор според кој Мбапе ќе престојува таму во текот на договорот со „кралевите“, за што ќе му исплати 18 милиони долари. Овој имот нуди значително подобри услови во споредба со неговиот претходен дом во Франција, кој беше проценет на четири милиони евра. Новата резиденција располага со седум спални соби, осум купатила, внатрешен и надворешен базен, тениско игралиште, како и комплетно опремена вежбалница и сауна. Освен што живее во ексклузивно соседство опкружен со познати личности од спортот, филмот и уметноста, Мбапе дефинитивно ужива во сите удобности како играч на Реал Мадрид. Сепак, вистинските предизвици за него допрва доаѓаат, а од него се очекува да испише историја во белиот дрес. Неговата актуелна вредност е проценета на околу 160 милиони евра, што го прави еден од најскапите и најдобрите фудбалери во светот.
View this post on Instagram
Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.
September 13, 2024 |
September 7, 2024 |
September 16, 2024 |