Ќе биде лудо во Мадрид: Мбапе пристигна на лекарските прегледи, денес ќе биде промовиран! (ВИДЕО)

July 16, 2024 | Kristijan Trajchov | Свет

Ќе биде лудо во Мадрид: Мбапе пристигна на лекарските прегледи, денес ќе биде промовиран! (ВИДЕО)

Килијан Мбапе денеска напладне и официјално ќе биде претставен како фудбалер на Реал Мадрид, а церемонијата ќе започне точно во 12 часот, најавуваат шпанските медиуми. Тој ќе биде претставен пред околу 85.000 навивачи и ќе го сруши рекордот на Роналдо кога тој беше претставен пред околу 80.000 навивачи. Мбапе ќе потпише петгодишен договор со претседателот на Реал, Флорентино Перез, а во 12 часот е закажана неговата промоција на Сантијаго Бернабеу.

Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.