April 22, 2025 | | Свет
Килијан Мбапе поради повреда нема да настапи за Реал Мадрид ниту на претстојниот дуел против Хетафе, откако веќе го пропушти натпреварот против Атлетик Билбао поради суспензија. Најдобриот стрелец на „кралевите“ заработи повреда на зглобот на реваншот против Арсенал во Лигата на шампионите, иако првичните прогнози не беа алармантни. Сепак, тренерот Карло Анчелоти потврди дека Мбапе сè уште чувствува болки и не е во состојба да тренира со полна интензивност. „Тој чувствува болка и нема да може да ни помогне. Прима терапии, но сè уште не тренира со полна пареа. Се надева дека ќе биде подготвен за финалето в сабота“, изјави Анчелоти на прес-конференцијата. Реал Мадрид моментално се наоѓа на второто место на табелата во Ла Лига, со четири бода помалку од Барселона, на шест кола до крајот на сезоната. Сите очи сега се вперени кон финалето на Копа дел Реј, каде Мбапе би требало да настапи.
Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.
September 13, 2024 |
September 7, 2024 |
September 16, 2024 |